28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДружење и пливање со Проф. Д-р Наташа Мешковска и „Еуролинк осигурување“

Дружење и пливање со Проф. Д-р Наташа Мешковска и „Еуролинк осигурување“

deca

Годинава, мај е месец на пливањето со проф. Д-р Наташа Мешковска и „Еуролинк осигурување“. Деца на возраст од 8 до 10 години ќе можат бесплатно да пливаат во базенот Карпош при Спортскиот Центар Борис Трајковски во Скопје. Пливањето ќе започне на 17.05.2016г. и ќе се одвива под раководство на професионалниот тренер проф. д-р Наташа Мешковска, а во организација на „Еуролинк осигурување“.
Родителите можат да ги пријават своите деца со испраќање порака на електронска адреса [email protected] со следните податоци:
– Име и презиме на детето – учесник
– Возраст
– Висина
– Тежина
– Име и презиме и контакт телефон (родител)

Пријавувањето започна од 28.04.2016г. (четврток), а ќе трае до 09.05.2016г. (понеделник). Селекцијата на пријавените учесници ќе се одржи на 12.05.2016г. (четврток) на базенот Карпош при СЦБТ и ќе ја врши стручен тим, под раководство на проф. др. Наташа Мешковска, кој ќе избере 45 деца на возраст од 8 до 10 години.

Критериумот за селекција е пријавените деца да може да испливаат 25 метри со помош на пливачко помагало – пловка.

„Еуролинк осигурување“ на избраните кандидати ќе им обезбеди бесплатни термини за пливање, два пати неделно, во траење од еден месец, пливачки капчиња, пешкири и пливачки помагала.

Оваа активност е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност “Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП