20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоронто израмни против Мајами

Торонто израмни против Мајами

maj 333

Кошаркарите на Торонто го израмнија резултатот во полуфиналната серија на Истокот, против Мајами, на 1-1, откако по едно продолжение славеа со 96:92.

Торонто, во текот на првото полувреме имаше и двоцифрена предност, но во второто полувреме Мајами успеа да се врати во мечот, да стекне предност 70:77 на шест минути до крајот на мечот, но Литванскиот центар Јонас Валанчунас со серија од четири поени му донесе израмнување, а потоа и водство на Торонто.

При резултат 86:83, на десет секунди до крајот на регуларниот дел Горан Драгиќ погоди тројка за израмнување.

Валанчунас го предводеше Торонто со 15 поени и 12 скокови, Демар Керлол постигна 21, а Демар Дерозан 20 поени.

Кај Мајами стартерите постигнаа 79 поени, најефикасен беше Драгиќ со 20 поени, додека Двејн Вејд и Џо Џонсон постигнаа по 17 кошеви.

Серијата сега се сели во Мајами каде ќе се одиграат наредните два натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП