28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига Европа: Севилја ќе го брани трофејот против Ливерпул

Лига Европа: Севилја ќе го брани трофејот против Ливерпул

liga-kkk

Фудбалерите на Севилја ќе го бранат трофејот во Лига Европа, во финалето кое на 18.мај ќе се одигра во Базел, а противник на тимот на Унаи Емери ќе му биде Ливерпул.

Реванш натпреварите кои се одиграа во четвртокот донесоа сигурни победи на овие два тима. Севилја ќе го игра своето петто финале во Лига Европа, трето во низа и во Базел ќе се обиде да ја освои петтата титула.

Од друга страна Ливерпул се пласира во своето прво европско финале по 2007 година, кога во Атина загуби 2:1 од Милан во мечот за титулата во Лигата на шампионите.

Ливерпул, предноста на Виљареал од 1:0, во реваншот ја надополни по само шест минути игра, кога Бруно си постигна автогол.

Посакуваните два гола предност на „црвените“ им ги донесе Стариџ во второто полувреме. По вториот гол на Ливерпул, Виљареал остана со играч помалку, откако Руиз го доби вториот жолт картон. Во финишот Лалала го постави конечниот резултат 3:0.

Севилја, по првиот меч со Шахтјор имаше 2:2, а Гамерио погоди за водство на тимот од Андалузија во осмата минута. На истекот на првото полувреме Едуардо Да Силва успеа да израмни на 1:1.

Во второто полувреме Гамеиро со својот втор гол ја врати предноста на Севилја, а победата и конечните 3:1 ги потврди Маријано.

Победникот на 18.мај ќе обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП