13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТри натпревари суспензија за Фелаини и Хут

Три натпревари суспензија за Фелаини и Хут

_89605602_fellainihuth

Маруан Фелаини од Манчестер Јунајтед и Роберт Хут од Лестер ја завршија сезоната во Премиерлигата откако Фудбалската асоцијација (ФА) ги суспендира од три натпревари.

Фелаини и Хут, во неделата на мечот помеѓу Јунајтед и Лестер (1:1) имаа меѓусебен дуел кој не беше забележан од судиите. Фелаини во борба за позиција пред голот на Лестер, со лакт го удри Хут, а Германецот го повлече за костата.

ФА реши да ги казни двајцата фудбалери по прегледувањето на видео снимката од натпреварот.

Поради казната двајцата фудбалери ја завршија сезоната, бидејќи до крајот останаа уште две кола, а ќе го пропуштат и воведниот меч на своите тимови во новото првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП