14 мај, 2025
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.05.2016

Дневен хороскоп 05.05.2016

zodiii-aak-897uuu

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Преголемиот обем на работа денес може да ве спречи да поминете време со членовите од семејството. Сепак, нема потреба за нервози, викендот доаѓа наскоро па пред вас е време за релаксација. Можни се мали проблеми со стомакот.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема потреба за грижа иако сте окупирани со силни емоции и незадоволни од моменталната положба на работното место. Научете ја лекцијата од минатото со цел некои работи да не ги повторувате без потреба. Ситуацијата на љубовен план е повеќе од задоволителна.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пријателите и соработниците се загрижени за вас и вашата состојба, па ќе дадат се од себе да ви помгонат. Сепак припазете бидејќи некој кој не е искрен сосема со вас може да ви наштети. Не барајте кавга за ситните нешта.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Прилагодливи сте и без проблеми ќе го пронајдете најдобриот начин да го остварите она што сте го зацртале. За сите слободни Ракови совет е да го искористат поволниот период, бидејќи се повеќе од привлечни за спротивниот пол. Диетата која ја практикувате дава резултати и поради тоа вашето задоволство е поголемо.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Тврдоглавоста и упорноста станаа вашиот заштитен знак и најверојатно денес ќе ви попречуваат и кога станува збор за работата. Не можете секогаш со глава во ѕид, а во тоа ќе се уверите наскоро. Вашите зглобови се осетливи, внимавајте.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Динамичноста на вашата врска се подобрува. Позитивните впечатоци кои сте ги оставиле кај колегите од работа ви даваат шанса да ги повикате за помош во било кое време. Шансите за неуспех се сведени на минимум. Поминувајте помалку време пред ТВ екранот.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Преголемото анализирање на се и секого делува депресивно на вас, а и самодовербата која ја имавте ќе биде заменета со нервоза и страв. Морате да бидете мудри и да го одделите важното од неважното бидејќи само си ја трошите енергијата.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Арогантното однесување ве одалечува од целта кога станува збор за љубовта. Немојте да бидете тврдоглави, воочете ја навремено вашата грешка. Покажете ги емоциите на партнерот, бидејќи немате ниедна причина за влез во било каква расправија. Можни се проблеми со алргија на храна.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Комуникацијата со лицата од блиското деловно опкружување ќе ви донесе информации кои можете добро да ги искористите кога станува збор за кариерата. Некои работи ви се познати од претходно, а нешто друго во голема мера ќе ве изненади и ќе ве наведе да бидете повнимателни. Проверете ја крвната слика.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Познато е дека сте систематични за многу работи, но сето тоа паѓа во вода поради вашата намалена концентрација во овој период. Очекувате поддршка од други лица, а тоа може да остави лош впечаток на раководството во вашата компанија. Ќе имате интересна посета.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Предадени сте и на работата до крај и тоа секој го забележува. Сепак, размислете дали е паметно целото свое време да и го посветувате само на работата. Немате парична сатисфакција која би можела да ги задоволи вашите желби.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Не смеете да се потпирате на туѓата помош, бидејќи таа може да изостане во клучниот момент. Потребно е да го испланирате секој потег и сите можни проблеми да ги елиинирате. Интуицијата никогаш не ве напушта. Нервите ви се малку напнати, олабавете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП