10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКливленд со рекордни 25 тројки ја декласира Атланта (видео)

Кливленд со рекордни 25 тројки ја декласира Атланта (видео)

hi-res-fe545bf4b2a39a44864d5cf756d18f11_crop_north

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс водат со 2-0 во полуфиналната серија, во Источната конференција, против Атланта Хокс. Кливленд славеше со 123:98, благодарение на шутот за три поени. Кавалирс поставија нов рекорд постигнувајќи 25 тројки на овој натпревар.

Играчите на Кливленд, погодија 56 отсто од обидите за три поени, постигнаа вкупно 25 тројки, а лидер беше Џеј Ар Смит кој погоди седум од 13-те обиди за три поени. Смит мечот го заврши со 23 поени, додека најефикасен кај Кливленд беше Леброн Џејмс со 27 поени.

Пол Милсап со 16 поени и 11 скокови ја предводеше Атланта, која во десеттиот плејоф натпревар го запиша седмиот пораз од Кливленд.

Серијата сега се сели во Џорџија, а третиот меч ќе се одигра на 7.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП