Фудбалерите на Реал ќе играат против Атлетико Мадрид во финалето во Лигата на шампионите. Мадридското финале ќе биде реприза на градската пресметка од финалето во 2014 година.
Реал до своето 14-то финале, во кое ќе се бори за 11-та титула, стигна со минималната победа 1:0, во реваншот во Мадрид, откако првиот меч заврши 0:0.
Реванш натпреварот донесе доминација на Реал, кој благодарение на безидејниот противник лесно го контролираше натпреварот.
Единствениот гол беше постигнат во 20.минута, кога Бејл се обиде да испрати центаршут, ударот го блокираше Фернандо, но за негова несреќа топката го смени правецот и заврши зад грбот на Харт.
Пред да биде постигнат голот Роналдо не успеа со глава да го совлада англискиот репрезентативен голман.
Сити единствената закана во првиот дел ја имаше преку Фернадињо, но неговиот удар од 15-тина метри заврши во надворешниот дел од десниот директ од голот на Навас.
Реал дилемата околу патникот во финаето можеше да ја реши во 54.минута, Модрж имаше „мртва шанса“, излезе сам пред Харт, но лошиот прием на Хрватот му овозможи на голамнот на Сити да одбрани.
Роналдо имаше обид со глава и во второто полувреме, но Харт лесно го скроти неговиот удар.
Најблиску до гол беше Бејл чии обид со глава, по корнерот на Крос заврши во дирекот.
Единствената вистинска закана Сити, во второто полувреме, ја имаше во 86.минута, кога Агуеро се обиде од 20-тина метри, но неговиот удар заврши малку на д голот на Реал.
Големото финеле ќе се одигра на 28.мај во Милано, Реал ќе оди по 11-та, а Алетико по првата титула во Лигата на шампионите.