19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на приходите на The New York Times

Пад на приходите на The New York Times

new-york-times-editorial

Американскиот дневен весник „The New York Times“ пријави пад на приходите од огласувањето како во печатеното издание, така и во дигиталното издание, поради што во првиот квартал бил во минус.

Престижниот њујоркшки весник во првиот квартал забележа загуба од 8,3 милиони долари, што е помалку во однос на дефицитот од 14,3 милиони долари во истиот период минатата година, пренесува агенцијата Франс прес.

Вкупните приходи на групацијата се намалиле за 1,2 проценти, на 380 милиони долари.

Главната причина за ваквите резултати, како што е соопштено, се предизвикувачките услови на пазарот за печатено и дигитално огласување.

Приходите од рекламите во печатеното издание паднале за девет проценти, додека приходите од дигиталното огласување паднале за 1,3 проценти.

Приходите од продажбата на тиражот пораснале за 2,4 проценти во однос на минатата година, бидејќи бројот на дигитални претплатници на овој весник пораснал за 67,000.

„Имавме предизвикувачки квартал како во печатеното, така и во дигиталното огласување, поради условите кои влијаеа на целокупниот пазар за огласување. Остануваме уверени во способноста за раст на нашите приходи од дигиталното огласување“, изјави претседателот и генерален директор на „The New York Times“, Марк Томсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП