2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPayPal пристигна во Србија

PayPal пристигна во Србија

Spain Mobile World Congress

Граѓаните на Србија од денеска конечно ќе можат да отворат налози на „PayPal“, но засега само ќе можат да плаќаат, но не и да примаат пари.

Министерот за внатрешна и надворешна трговија Расим Љајиќ потврди дека Србија од денеска се наоѓа на листата на земји во кои е достапен овој интернет сервис за плаќање.

„PayPal“ ќе им овозможи на граѓаните на оваа земја да отворат налог на оваа интернет страна и да купуваат на глобалниот пазар.

Тоа значи дека сега ќе може да се купи роба од целиот свет од модни производи во Италија и Франција, па се до електроника во Америка и Азија.

Исто така ќе биде овозможен и пристап кон дигиталните содржини, односно музика,филмови и разни видови на игри.

Нормално оваа услуга ќе биде пуштена во неколку фази, за почеток ќе може само да се купува и да се праќаат пари. Следната фаза која е многу значајна за многумина е добивањето на пари од странство, а таа се очекува да биде пуштена во скоро време.

Останува времето да покаже кога Македонија ќе се најде на листата на земји кои можат да ги користат услугите на „PayPal“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП