23 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС се спаси од пораз, брејк на Мајами

ГС се спаси од пораз, брејк на Мајами

gs miami ee

Голден Стејт води 2-0 во серијата против Портланд во Западната конференција, додека Мајами направи брејк во Торонто за водство од 1-0 во серијата која се игра во Источната конференција во НБА лигата.

Актуелните шампиони повеќе од три четвртини беа во минус против Портланд, во еден момент заостануваа 17 поени, но на крајот стигнаа до триумф 110:99 и водство од 2-0 во серијата.

Клеј Томпсон постигна 27 поени, но со лоша реализација од поле (6/20), а Дрејмон Грин забележа 17 поени, 14 скокови, седум асистенции и четири блокади кај победникот, додека Портланд го предводеа Демијан Лилард со 25 и Си-Џеј Мекалум со 22 поени.

Мајами успеа да направи брејк во Торонто, иако домаќинот со тројката на Кајл Лаури со звукот на сирената изборија продолжение (90:90). Во дополнителното време Горан Драгиќ и Двејн Вејд им ја обезбедија првата победа на „жешките“ 102:96.

Дргаиќ постигна 26, а Вејд 24 поени, а двајцата имаа по шест скокови, а кај Торонто Јонас Валанчуинас забележа 24 поени и 14 скокови, а Демар Дерозан постигна 22 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП