28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНема договор на релација Евролига-ФИБА

Нема договор на релација Евролига-ФИБА

basketi-basket

Евролигата (ЕЦА) и ФИБА не успеаја да постигнат договор во врска со клупските натпреварувања во Европа, што значи дека останува суспензијата која ФИБА им ја изрече на 14 репрезентации.

Двете организации не се согласуваат со надлежностите околу контролата врз континенталните натпреварувања. ФИБА не им дозволува на клубовите да учествуваат во Еврокупот, поради што им изрече суспензии на националните тимови.

Претставниците на двете организации, во присуство на претставници на Фенербахче, Реал Мадрид, Макаби и Олимпијакос, на состанокот во Минхен, разговарале четири часа, но не постигнале никаков договор.

Предлогот на ЕЦА бил клубовите без страв да можат да бираат во кое натпреварување ќе играат (секако доколку изборат учество), а ФИБА да се интегрира во рамките низ управувачките струкури, односно ФИБА да има целосна контрола врз носењето на правилата на играта, контрола врз трансферите, односно допинг контролите.

Двете страни не успеале да се договорат околу бројот на клубови кои ќе учествуваат во ЕЦА натпреварувањата (Евролига и Еврокуп), бидејќи водечката клупска организација сака 40 тимови, на што ФИБА не се согласува.

Поради ова ФИБА одбила да ги тргне санкциите, од кои во блиска иднина најмногу можат да бидат погодени Шпанија (се соочува со забрана за настап на Олимписките игри) и Србија (одземање на организацијата на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри).

По неуспешните преговори од Евролигата истакнале дека ќе продолжат со напорите низ дијалог да се обезбеди напредокот на кошарката и да биде постигнат консензус, односно да им се дозволи на клубовите без страв од санкција и казни, да бираат каде ќе настапуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП