18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го промовира Лестер во нов шампион на Англија (видео)

Челзи го промовира Лестер во нов шампион на Англија (видео)

це-це-пе

Фудбалерите на Лестер Сити ја освоија шампионската титула во Премиерлигата во сезоната 2015/2016. Лестер на две кола до крајот на првенството, стекнa недостижни седум бодови предност во однос на Тотенхем, кој во последниот меч од 36.коло, одигра 2:2 кај Челзи.

Сензационалната промоција на Лестер во нов англиски првак има многу симболика, бидејќи му ја врачи сега веќе поранешниот шампион Челзи. Овие два тима ќе се сретнат во последното коло на „Стенфорд Бриџ“.

Титулата со Лестер е прва во кариерата за познатиот италијански стратег Клаудио Раниери. Тој на почетокот на сезоната пристигна во Лестер и со фудбалските анонимуси Марез, Варди, Канте, Морган… успеа да го направи невозможното.

Титулата на Лестер му ја врачи Еден Азар, кој во 82.та минута постигна гол за 2:2.

Мечот на „Стенфорд Бриџ“, кој со внимание се следеше во Лестер, донесе голема борба на теренот на лондонските ривали, во финишот имаше и многу грубости, кога играчите на Тотенхем ги загубија нервите.

Тотенхем и покрај иницијативата на Челзи, со два гола предност замина на полувреме. Грешките на Фабрегас во 35-та и Ивановиќ во 44-та минута, ги казнија Кејн, со својот 25-ти гол сезонава и Сон.

Вториот дел во целост му припадна на Челзи, благодарение на Азар кој го замени Педро. Белгиецот го одигра својот најдобар меч сезонава, ги креираше сите опасни акции на својот тим и беше постојана закана по голот на Љорис.

Резултатот го намали Кејхил, кој одлично реагираше по една мешаница пред голот на Тотенхем. Мејсон на 15 минути до крајот на мечот имаше можност да ја завери победата на Тотенхем, но не успеа да го совлада Беговиќ.

Казната Тотенхем го стигна во 82-та минута, кога Азар двојно одигра со Диего Коста и на брилијантен начин го совлада Љорис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП