9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМалага го испрати Леванте во Сегунда

Малага го испрати Леванте во Сегунда

сегунда

Фудбалерите на Малага го совладаа Леванте со 3:1, во последниот натпревар од 36.коло во Примера и го испратија тимот од предградието на Валенсија во втората лига.

Хрватскиот интернационалец Дује Чоп му пресуди на Леванте со два гола и една асистенција. Чоп го постигна првиот гол на мечот по половина час игра, а потоа израмни Моралес во финишот на првото полувреме.

Чоп во претпоследната минута го постигна својот втор гол, а во 93-та му асистираше на Кастро кој го постави конечниот резултат 3:1.

Леванте има 29 бодови и следната сезона ќе настапува во Сегунда, додека три тима до крајот ќе се борат да ја избегнат судбината на Леванте, тоа се Хетафе, Спортинг Хихон и Рајо Ваљекано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП