Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја одбранија титулата во АБА лига, откако финалната серја против Мега Лекс ја добија со 3-0. Црвена ѕвезда стана вториот тим, по Партизан, кој успеал да ја одбрани титулата во регионалното натпреварување.

Црвена ѕвезда, третиот меч од серијата, на теренот на противникот го доби со 61:49. Отпорот на десеткуваниот тим на Мега Лекс „црвено-белите“, успеаја да го скршат на 90 секунди до крајот на мечот.
Американецот Квинси Милер со 18 поени и осум скокови ја предводеше Црвена ѕвезда, тој беше единствениот со двоцифрен учинок во редовите на старо-новиот шампион.