ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонската химна во чест на Иџе интонирана на Хунгароринг

Македонската химна во чест на Иџе интонирана на Хунгароринг

idzeta 00

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе победи на првата трка на ЦЕЗ кружните патеки, која се возеше патеката Хунгароринг. Во чест на Иџе, во Хунгароринг, по завршувањето на трката, беше интонирана македонската химна.

Игор Стефановски, кој сезонава се натпреварува во ЕТЦЦ шампионатот, со цел што подобро да се привикнe на мешаницата која владее на овие натпревaри, во паузата меѓу трките во Словачка и Германија реши да настапи на ЦЕЗ натпреварот.

Македонскиот авотмобилист трката на Хунгароринг ја стартуваше од втората позиција, а на крајот триумфираше убедливо со време 25:40.724 минути. Резултатот на Иџе беше за осум секунди подобар од оној што го оствари второпласираниот Јака Мариншек.

Наредната трка во ЕТЦЦ шампионатот, на која ќе вози Иџе е трката во Нинбургринг, Германија на 28-ми мај.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП