2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДоговорена соработката меѓу Опел и Галатасарај

Договорена соработката меѓу Опел и Галатасарај

lala

Со освоени 18 национални првенства и 14 купови, Галатасарај е најпопуларниот и најуспешен фудбалски клуб во Турција. Тоа е сосема доволно Опел и овој врвен европски клуб да го формализираат своето партнерство.

Претседателот на клубот Унај Ајсал и генералниот директор на Опел во Турција Ошчан Кеклик потпишаа договор со кој турскиот клуб стана дел од тимот на Опел. Покрај тоа што станаа партнери со турскиот фудбалски гигант, Опел и Галатасарај ќе реализираат низa рекламни активности.

На овој начин компанијата Опел го задржува своето внимание на фудбалот и го проширува своето меѓународно присуство и активност на ова поле. Партнерството со Галатасарај е нов потег во стратегијата на германскиот бред, oткако се договорија со Феенорд кој е еден од водечките тимови во Холандија.

„Опел и фудбал, тоа е совршена комбинација. Оваа врска ги претставува главните карактеристики на брендот како што е динамиката, перформансите и страста“, вели Томас Седран, потпретседател во Опел.

„Галатасарај и Опел имаат многу заеднички карактеристики, како и богато наследство. Среќни сме што сме дел од оваа професионална соработка и ќе се радуваме на нашите заеднички успеси“, изјави претседателот на Галатасарај, Унај Ајсал.

Ова не е единствениот договор на Опел со тимови во фудбалот, а нивниот сестрински бренд „Vauxhal“ веќе воспостави партнерство со националните селекции на Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. А во германската Бундес лига партнери на Опел се Борусија Дортмунд, Фортуна Дизелдорф, Баер Леверкузен, Фрајбург и Мајнц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП