28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС го реши Хјустон, Портланд и Шарлот водат 3-2

ГС го реши Хјустон, Портланд и Шарлот водат 3-2

gs nba 00

Голден Стејт се пласира во конференциското полуфинале, откако во петтиот меч од серијата го декласира Хјустон (114:81), додека Портланд и Шарлот со гостинските победи во Лос Анџелес, односно Мајами стигнаа на чекор до вториот круг.

Хјустон и покрај тоа што во своите редови го имаше расположениот Џејмс Харден, немаше никакви шанси против актуелните шампиони, кои играа без повредениот Стеф Кари.

Харден од првите седум обид поентираше шест пати, но остатокот од тимот ги промаши првите 16 обиди, што разиграните кошаркари на Голден Стејт го искористија и уште во раната фаза на мечот создадоа недостижна предност.

Клеј Томпсон го предводеше тимот со 27 поени (7/11 за три), Шон Ливингствон постигна 16 поени, а Дрејмон Грин имаше учинок од 15 поени, девет скокови и осум асистенции.

Кај Хјустон, Харден постигна 35 поени, а потфрли Двајт Хауард кој иако имаше 21 скок, постигна само осум поени (3/13 за два).

Голден Стејт серијата против Хјустон ја доби со 4-1 и во конференциското полуфинале ќе игра против победникот од серијата помеѓу ЛА Клиперс и Портланд.

Од оваа серија поблиску до полуфиналето е Портланд чии кошаркари славеа во ЛА со 108:98 и поведоа со 3-2 во победи.

Без двете најголеми ѕвезди Крис Пол и Блејк Грифин, кои поради повреди ја завршија сезоната, Клиперси немаа сили да се справат со Портланд, во чии редови блескаше Си-Џеј Меколум со 27 поени. Клиперси ги предводеа Џеј Џеј Редик со 19 и Џамал Крафорд со 17 поени.

Шарлот успеа да слави во Мајами со 90:88 и да поведе во серијата со 3-2. Решавачкиот момент на мечот се случи на 25 секунди до истекот на времето кога Кортни Ли погоди тројка. Интересно Ли постигна само осум поени, а погоди само два од деветте обиди од поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП