3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГалатасарај го освои Еврокупот

Галатасарај го освои Еврокупот

galatasaraj

Кошаркарите на Галатасарај ја освоија титулата во Еврокупот и си обезбедија директен пласман во Евролигата, во наредната сезона.

Турскиот тим, во финалниот двомеч, беше подобар од Стразбур. Францускиот тим во првиот меч победи 66:62, но во Истанбул Галарасарај славеше 78:67 и го освоија првиот меѓународен трофеј во клупската историја.

Галатасарај до победата го предводеше Стефон Лазме со 16 поени и 10 скокови, а ист број на поени постигна и Ерик Мекколум, додека Синан Гулер мечот го заврши со 14 поени, осум скокови и шест асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП