12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДисциплинците на ФФМ ги казнија Вардар и Шкупи

Дисциплинците на ФФМ ги казнија Вардар и Шкупи

ffm logo

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги казни Вардар, односно Шкупи за инцидентите кои се случија на натпреварите Шкупи-Вардар, односно Вардар-Шкендија.

Шкупи за лошата организација на мечот со Вардар и за инцидентите кои се случија по завршувањето на натпреварот е казнет со три меча без публика, но бидејќи со ова Шкупи ја кативираше условната казна, овој прволигаш ќе мора како домаќин да одигра шест натпревари без присутво на публика.

Вардар ќе мора да одигра два натпревари надвор од Скопје, односно на оддалеченост од најмалку 100 километри, бидејќи на мечот со Шкендија беше нападнато раководството на тетовскиот тим.

Двата тима се казнети и парично со по 1.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП