21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКјелце се пласира на завршниот турнир во ЛШ

Кјелце се пласира на завршниот турнир во ЛШ

кјелце-кје

Ракометарите на Кјелце први изборија пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Полскиот шампион, во контроверзен финиш, успеа во четвртфиналниот реванш да слави над Фленсбург 29:28 и со вкупен резултат 57:56 да избори пласман во полуфиналето. Турнирот во Келн ќе биде трет за Кјелце во последните четири сезони.

Четвртфиналниот реванш помеѓу овие два тима донесе голема борба на теренот, брилијантни одбрани на голманите Шего (Кјелце) и Андерсон (Фленсбург) и неверојанти напаѓачки партии на Јурецки и Рајхман од едната, односно Лауге и Могесен на другата страна.

Дуелот од првата до последната минута беше неизвесен, ниту еден тим немаше предност поголема од три гола (Кјелце во 40.минута водеше 19:16), а последниот гол го постигна Лијевски на 22 секунди до крајот. Фленсбург го имаше последниот напад, но впечатокот е дека француските судии не досудија седмерец по фаулот на Рајхман над Козина.

Кјелце го предводеа Јурецки со осум и Рајхман со седум голови, додека Мохесен и Лауге кај Фленсбург постигнаа по осум голови.

Преостанатите патници на завршниот турнир ќе бидат познати викендов, во сабота ќе играат Веспрем и Вардар (29:26), односно Барселона и Кил (24:29), а в недела е дуелот ПСЖ-Загреб (28:20).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП