20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПримера: Атлетико без Симеоне до крајот на првенството

Примера: Атлетико без Симеоне до крајот на првенството

simeone

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, до крајот на превенството во Шпанија нема да може да го предводи својот тим, откако е суспендиран на три натпревара.

На првенствениот меч со Малага (1:0), Симеоне со уфрлање на уште една топка во теренот прекина опасна полуконтра на противникот. На полувремето главниот судија му покажа црвен картон, иако Аргентинецот тврдеше дека тој не ја уфрлил топката туку момчето кое е задолжено за тоа.

„Доколу виновникот не може да се идентификува, тренерот ќе биде исклучен и суспендиран на три натпревара“, стои во правилникот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

Поради тоа Сиемоне доби три меча суспензија, а ќе мора да плати и парична казна во висина од три илјади евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП