22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНаинголан во Челзи за 36 милиони евра

Наинголан во Челзи за 36 милиони евра

konte idijanec

Антонио Конте кој по Европското првенство ќе седне на клупата на Челзи, го договорил првото засилување во летниот преоден рок. Станува збор за играчот на Рома, Раџа Наинголан, за чии трансфер Челзи ќе плати 36 милиони евра.

Новиот менаџер на Челзи, Антонио Конте, го означил трансферот на Наинголан како еден од приоритетните во преодниот рок, како што пренесе порталот goal.com, по 48 часа преговори Рома дала согласност белгискиот репрезентативец да го напушти клубот.

Наинголан со Челзи ќе потпише петгодишен договор, а Рома како обештетување ќе заработи 36 милиони евра.

27-годишниот фудбалер во кариерата има настапувано за Пјаченца и Каљари, во Рома пристигна во јануари 2014 година. За „волчицата“ има одиграно 83 натпревари и постигнато 13 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП