ЛА Клиперси, тим кој регуларниот дел од сезоната го заврши на четвртото место во Западната конференција и во плејоф серијата влезе како фаворит во серијата со Портланд, со голема веројатност сезоната ќе ја заврши во првото плејоф коло.

Резултатот по четири одграни натпревари во серијата помеѓу Клиперси и Портланд е 2-2, но екипата од Лос Анџелес остатокот од плејофот ќе го игра без своите двајца најдобри играчи Крис Пол и Блејк Грифин.
Пол, на четвртиот натпревар во Портланд се здоби со фрактура на десната дланка и тој е веќе опериран, додека Грифин ја повредил тетивата на бутниот мускул на десната нога, поради што и за него сезоната е завршена, соопштија Клиперси.
Во првите четири плејоф средби Пол во просек имаше учинок од 13,8 поени, 7,3 асистенции, 4 скока и 2,3 украдени топки, додека просекот на Грифин е 15 поени, 8,8 скока и 4 асистенции.