3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Предност за Торонто и Атланта

НБА: Предност за Торонто и Атланта

nba-pred

Торонто и Атланта водат со 3-2 во плејоф сериите против Индијана, односно Бостон. Во ноќта помеѓу вторникот и средата, Торонто ја победи Индијана 102:99, а Атланата го декласира Бостон 110:83.

Торонто, против Индијана, во третата четвртина заостануваше за 15 поени (75:90), но потоа Репторси направија серија 23:2, со која стигнаа на чекор до пласман во конференциското полуфинале.

Демар Дерозан го одигра најдобриот меч во серијата, тој постигна 34 поени, додека на спротивната страна Пол Џорџ имаше учинок од 39 поени и по осум скокови и асистенции.

Кошаркарите на Атланта блескаа во последната четвртина, во која постигнаа 42 поени и на крајот славеа убедливо над Бостон 110:83.

Мајк Скот постигна 17 поени, а поен помалку реализираа Џеф Тиг и Кент Бејзмор. Еван Тарнер со 15 поени го предводеше Бостон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП