27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛош фудбал и реми без голови на „Итихад“

Лош фудбал и реми без голови на „Итихад“

лос

Манчестер Сити и Реал Мадрид одиграа 0:0 во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. Сити и Реал прикажаа фудбал недостоен за оваа фаза на натпреварувањето, а иако играше без Роналдо, мадридскиот тим беше поблиску до победата.

Настојливоста да се одбрани својот гол, а прекините да се искористат за да се загрози голот на противникот беше тактиката на Пелегрини и Зидан, поради што ова полуфинале донесе малку фудбалска убавина.

Реал настапи без Роналдо, кој воопшто не беше во протоколот, додека Бензема го одигра само првото полувреме. И без двајцата најдобри „кралскиот тим“ беше поблиску до победата.

Тактиката да не се прими гол, во првото полувреме, донесе игра на средината на теренот, без ниту еден упатен удар кон голманите Харт и Навас.

Вториот дел донесе нешто повеќе желба и агресија кај играчите на Реал, кои создадоа три добри шанси кои не ги материјализираа.

До две од трите шанси Реал дојде по корнерите на Крос, а Сити првиот директен удар кон голот на Навас го имаше во 93.минута, кога голманот на Реал го одбрани слободниот удар на Де Брујне.

Серхио Рамос од добра позиција по нафрлувањето на Крос, во 55.минута лошо биеше со глава.

Акцијата на Карвахал и неговото нафрлување кон Хесе во 69.минута, за малку не донесе водство на Реал. Десниот бек нафрли, а Хесе со глава ја погоди гредата.

Шансата на мечот ја имаше Пепе во 82.минута. По корнерот на Крос дефанзивецот на Реал остана сам во петерецот на Сити, но упати удар директно во добро поставениот Харт.

Реваншот на овоие два тима е закажан за наредната среда во Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП