19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛокомотив ја доби мајсторката против Барселона

Локомотив ја доби мајсторката против Барселона

евролигааааа

Кошаркарите на Локомотив Кубан се последните кои изборија пласман на завршниот турнир во Евролигата, кој ќе се игра од 13. до 15. мај во Берлин.

На патот до дебитанскиот настап во Евролигата, Локомотив ја доби четвртфиналната серијата против Барселона со 3-2. Локомотив, во „мајсторката“, против Барселона забележа победа 81:67.

Решавачкиот меч во Краснодар го одбележа голем број пресврти и брилијантниот настап на Крис Синглтон, кој во последната четвртина со серија од 12 поени му го трасираше патот на завршниот турнир на својот клуб.

Локомотив одлично започна, целосно го контролираше мечот во првото полувреме, по кое стекна предност од 11 поени (50:39). Барса одговори рафално во третата четвртина, постигна 23, а прими само осум поени и во последниот период влезе со предност од четири поени (58:62).

Во последниот период блесна Синглтон, кој постигна 12 поени, а Локомотив стекна предност од девет поени, која благодарение и на добрата игра во одбраната (Барса во 4/4 постигна само пет поени) не ја испушти до крајот.

Синглтон мечот го заврши со 16 поени и 12 скокови, Малком Дилејни постигна 17 поени, а Рајан Беркхов постигна 14 поени (четири тројки).

Локомотив на завршниот турнир во полуфиналето ќе игра против ЦСКА Москва, додека во второто полуфинале ќе се сретнат Фенербахче и Лаборал Куча.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП