7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФК Шкендија: Нема да го признаеме конечниот епилог во првенството

ФК Шкендија: Нема да го признаеме конечниот епилог во првенството

macro-logo-400x200

Фудбалскиот клуб Шкендија се огласи со соопштение по повод поразот во неделното дерби на „Филип Втори“ од Вардар (1:0). Вардар, по дербито, повторно стекна предност од пет бода во однос на Шкендија, која на три кола до крајот на првенството речиси му ја обезбедува шампионската титула.

Шкендија, во соопштението, реагира на судењето, единствениот гол е постигнат од недозволена позиција, но и на односот на ФФМ. Според тетовци, Федерацијата „не ги почитува подеднакво своите обврски кон сите клубови“.

Од Шкендија потенцираат дека клубот нема да го признае епилогот од оваа натпреварувачка сезона: „Однапред подвлекуваме дека епилогот од ова првенство, е решено преку овие три бода, нема да биде признаено од нас како клуб! Оваа чудо нема да трае три дена“.

„Анализирајќи го внимателно и преку снимените видеоматеријали, натпреварот од 29-то коло од Првата МФЛ за сезона 2015/16 меѓу сениорските екипи на ФК Вардар и ФК Шкендија, е потполно нерегуларен. Како раководство не сме задоволни и со односот во нашите редови и покрај тоа што сме свесни дека нерегуларниот и единствениот гол беше пресуден за текот на истата. Пред сѐ заради фудбалот и инвеститорите во него, не можеме да ги затвориме очите пред една очигледна неправда, со индикации за намерни грешки против нашиот клуб“, велат од тетовскиот прволигаш.

„Во рамките на 29-тото коло  од Првата МФЛ, најмногу за што жалиме е судењето. Сигурно дека не ни се допаѓаат поразите, но јасно е дека нашите амбиции се долгорочни и за изградба на тоа што го бараме, потребно  е време. Но, цениме дека ваквото делење на правдата ги расипува не само нашите амбиции, туку е пречка за унапредување на фудбалот во целина. Не успеваме да разбереме како може еден судија (втор помошен судија Гоце Петрески) да си дозволи да има влијание во конечниот резултат на еден натпревар, со што голот беше тотално нерегуларен. Уште поголема е горчината кога се знае дека на овој натпревар суделе судија со ФИФА подзнак.

Во деталната анализа на видео материјалот се гледаат јасно нанесените штети од судиите. Во тек на натпреварот поголем број од нашите фудбалери беа провоцирани од нивните „колеги“, па дури и од резервната клупа на домашната екипа и ниеден од судиите не реагираше на тоа. Највредлив беше моментот кога шефот на стручниот штаб на клубот беше навреден од Гоце Седлоски на национална база. Нашиот интерес како клуб е да имаме коректно судење и ова треба да ни го обезбеди ФФМ. Сега сме веќе убедени дека „домашната куќа на фудбалот“ не може да обезбеди коректно судење. За сето оваа, покрај конкретните имиња, ќе биде испратен целосен аудио и видео материал до меѓународната ,,куќа на фудбалот“, се наведува во соопштението од Шкендија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП