1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМихајловиќ го одбил Берлускони да се врати во Милан

Михајловиќ го одбил Берлускони да се врати во Милан

mihajlovik

Синиша Михајловиќ ја одбил понудата на Силвио Берлускони и Адријано Галијани да се врати на тренерската позиција во Милан. Како што пренесе Газета дело Спорт, челниците на Милан имале долг телефонски разговор со Михајловиќ, но тој ја одбил понудата.

Михајловиќ доби отказ пред две недели, по поразот од Јувентус (1:2), клубот го именуваше Кристијан Броки за негов наследник, кој во две средби успеа да освои само еден бод.

Кристијан Броки одработи два натпревара, против екипи од долниот дел на табелата, но не успеа да забележи победа. Тој дебитираше како тренер на Милан на домашен терен против Карпи (0:0), а во вторникот загуби од последнопласираниот тим во лигата, Верона (2:1).

Михајловиќ сé уште добива плата од Милан, поради предвремениот раскин на договорот, до крајот на сезоната планирал да се одмори, а дури потоа ќе донесе одлука каде ќе ја продолжи тренерската кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП