10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПортланд и Шарлот до 2-2

Портланд и Шарлот до 2-2

port00

Оклахома го елиминира Далас со 4-1, додека Портланд и Шарлот го израмнија резултатот на 2-2, во своите плејоф серии против ЛА Клиперс, односно Мајами.

Оклахома, во петтиот меч од серијата со Далас, забележа победа 118:104, избори пласман во полуфиналето во Западната конференција каде за противник ќе го има Сан Антонио.

Расел Вестбрук блескаше во победата на Оклахома со 36 поени, девет скокови и 12 асистенции. На спортивната страна најефикасен беше Дирк Новицки со 24 поени.

Германецот, за наредната сезона има опција во договорот да стане слободен играч, но тој изјавил дека сака во Далас да остане до крајот на кариерата, но дека нема да биде незадоволен и доколку во сопственикот реши да направи реконструкција на екипата.

Шарлот го израмни резултатот во серијата со Мајами, откако во четвртиот меч победи со 89:85. Кемба Вокер го предводеше тимот до победата со 34 поени (11 во последната четвртина). Џо Џонсон постигна 16, а Луол Денг 15 поени за Мајами.

Ал-Фарук Амину постигна рекордни 30 поени во плејоф кариерата и му овозможи на Портланд да слави против ЛА Клиперс 98:84. Резултатот во оваа серија е израмнет на 2-2.

Џеф Грин и Блејк Грифин со по 17 кошеви беа најефикасни во поразениот тим.

Поразот на Клиперси за тренерот Док Риверс е најмал проблем, откако дозна дека неговиот најдобар играч Крис Пол е повреден. Американските медиуми пренесуваат дека Пол скршил коска во дланката. Покрај Пол за наредниот меч во ЛА, неизвесен ќе биде и настапот на Грифин кој ја влошил повредата на квадрицепсот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП