18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ја прослави новата титула

Јувентус ја прослави новата титула

juventus-mus

Фудбалерите на Јувентус, во понеделникот, ја освоија петтата титула во низа, вкупно 32-ра во Серија А. Јувентус, математички ја обезбеди титулата на три кола до крајот, откако Наполи загуби во дербито од Рома.

„Старата дама“ пет години владее со италијанскиот фудбал и на тој начин го израмнија сопствениот рекорд од почетокот на 30-тите години од минатиот век, а иста серија има и градскиот ривал Торино, чија генерација од крајот на истата деценија по освоените пет титули трагично загина во авионска несреќа.

Сепак овој успех на Јувентус е историски, бидејќи тимот на Алегри по шест кола имаше само една победа, а по поразот од Сасуоло на 28.октомври зад тогашниот лидер Интер заостануваа 11 бодови.

Сасуоло беше пресврт во сезоната за „Старата дама“, од тој момент Јувентус одигра 25 натпревари, забележа 24 победи, а само Болоња на 19.февруари успеа да одигра 0:0 со шампионот.

Јувентус, оваа сезона, прв пат се искачи на врвот по победата над Наполи во 25.коло, сезоната 2015/2016 ќе ја заврши на првото место. Наполи кој најмногу беше лидер во шампионатот, во последните три кола ќе се бори со Рома за второто место.

Играчите на Масимилијано Алегри наредната сезона ќе се обидат да станат апсолутни рекордери, односно ќе ја нападнат шестата титула во низа, иако приоритет ќе им биде Лигата на шампионите каде последен пат славеле во 1996 година.

„Црно-белите“ шампионската титула ја прославија во својот тренинг центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП