Најдобриот играч на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, според првите прогнози би требало да паузира најмалку две недели поради повредата на десното колено.
Како што пренесуваат американските медиуми, Кари на натпреварот со Хјустон, ги повредил средишните лигаменти во коленото. Лекарскиот тим на Голден Стејт по дополнителните прегледи ќе утврди колку е тешка повредата и со тоа колку Кари ќе отсуствува од терените.
Актуелните шампиони, во ноќта помеѓу неделата и понеделникот забележаа уедлива победа во Хјустон и во серијата поведоа со 3-1.