9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарселона подготвува нов договор за Луис Суарез

Барселона подготвува нов договор за Луис Суарез

zable 333

Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез, по завршувањето на сезоната ќе потпише нов, финансиски побогат договор со клубот, пренесува каталонскиот весник Sport. Покрај Суарез, според каталонските медиуми, Барселона ќе потпише нов договор и со Бразилецот Нејмар.

Луис Суарез е најдобар стрелец во Примера со 34 голови, а на последните две средби (Ла Коруња, Спортинг) постигна осум голови. Уругваецот на „Ноу Камп“ пристигна во 2014 година од Ливерпул и на 92 натпревари има постигнато 78 голови.

Суарез со Барселона минатата сезона ја освои тројната круна, а се радуваше и на трофеите во Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.

Кариерата ја започнал во Насионал од Монтевидео, а во Европа пред да пристигне во Барселона настапувал за Гронинген, Ајакс и Ливерпул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП