2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХумелс ја прифатил понудата на Баерн?

Хумелс ја прифатил понудата на Баерн?

humi 44

Капитенот на Борусија Дортмунд како шестгодишник започнал во младинските школи на Баерн, а на 20-годишна возраст откако го потиша првиот професионален договор е проследен на позајмица во Дортмунд. По само шест месеци „милионерите“ за сума од четири милиони евра го откупија неговиот договор.

Весникот Bild пренесува дека Баерн на Хумелс му понудил четиригодишен договор вреден 10 милиони евра по сезона, а Борусија од трансферот ќе инкасира 30 милиони евра.

Расплетот во случајот Хумелс е интересен, бидејќи неодамна тој и неговиот татко изјавија дека нема шанси тој да се врати во Баерн.

Доколку трансферот биде реализиран, Хумелс ќе биде третиот фудбалер кој во последните четири години од Дортмунд се преселил во Минхен, претходно тоа го направија Марио Геце и Роберт Левандовски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП