2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕфес го отпушти Душан Ивковиќ

Ефес го отпушти Душан Ивковиќ

dushan

Душан Ивковиќ повеќе не е тренер на кошаркарите на Анадолу Ефес, откако претседателот на тимот му врачи отказ по поразот од Фенербахче. Евес во неделата загуби од Фенербахче 73:69.

„Бордот на директори на 24. април реши да ја раскине соработката со Душан Ивковиќ. Сакаме да му се заблагодариме за сé што направи за клубот и му посакуваме успех во понатамошната кариера“, стои во соопштението објавено на клупската интернет страница.

Ивковиќ Ефес го презеде во јуни 2014 година, кога потпиша двегодишен договор. Ефес оваа сезона не успеа да се пласира во четвртфиналето во Евролигата, додека во турското првенство се наоѓа на првото место со два бода повеќе од Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП