6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНа повидок примирје помеѓу ФИБА и Евролигата

На повидок примирје помеѓу ФИБА и Евролигата

primirje-fiba-aba

Италијанскиот Тутоспорт пишува дека на повидок е примирје во „војната“ помеѓу ФИБА и Евролигата. Според овој медиуми, за во наредните денови е закажан состанок помеѓу Евролигата и владејачкото тело на светската кошарка.

Според Тутоспорт, ФИБА Европа е подготвена  да и дозволи на Евролигата да ги организира двете клупски натпреварувања во наредните пет години, но само под услов и таа да добива дел од профитот.

ФИБА Европа, наводна сака да влезе во ЕЦА, организација која ги контролира комерцијалните права во Евролигата и Еврокупот. Причината е јасна-ФИБА сака да добие дел од колачот, бидејќи Евролигата кон крајот на минатата година потпиша договор со компанијата ИМГ, која најави дека во наредните десет години ќе инвестира преку 650 милиони евра.

Војната помеѓу ФИБА Европа и Евролигата кулминираше минатата недела, кога Федерацијата реши да суспендира 14 репрезентации од Евробаскетот во 2017, а шпанските медиуми објавија дека на нивната репрезентација ќе и биде забрането учеството на Олимписките игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП