28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлејоф рекорд на Ајзеа Томас, СА и Кливленд на чекор до наредната...

Плејоф рекорд на Ајзеа Томас, СА и Кливленд на чекор до наредната рунда

tomas jze

Една победа ги дели кошаркарите на Сан Антонио и Кливленд од пласманот во конференциските полуфиналниња. Изминатата ноќ Сан Антонио славеше во Мемфис, а Кливленд во Детроит. Од друга страна Бостон ја совлада Атланта и го намали резултатот во серијата на 1-2.

Ајзеа Томас јуниор постигна рекодни во плејоф кариерата 42 поени и му овозможи на Бостон да слави во дуелот со Атланта 111:103. Томас е еден од ретките играчи на Бостон кои во плејоф натпревар постигнал повеќе од 40 поени, во минатото тоа го направиле Реј Ален, Лери Бирд, Џон Хавличек, Реџи Луис, Пол Пирс, Режон Рондо и Џо-Џо Вајт.

Тандемот Каваи Ленард-Ламркус Олдриџ му ја обезбеди и третата победа на Сан Антонио во дуелот со Мемефис. Ленард постигна 32 поени, а Олдиџ имаше учинок од 16 поени и 10 скокови, во триумфот на Спарс 96:87.

Ударната тројка на Кливленд (Ирвинг-Џејмс-Лав) постигна 66 поени, во триумфот на Кливленд во Детроит 101:91. Леброн Џејмс забележа 20 поени, 13 скокови и седум асистенции, Кевин Лав оствари 20 поени и 12 скокови, а Кајри Ирвинг постигна 26 поени, вклучувајќи ги и двете тројки во финишот со кои го реши победникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП