21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord Mustang е најдобро продаваниот спортски автомобил во светот

Ford Mustang е најдобро продаваниот спортски автомобил во светот

musti 333

Само пред неколку дена, стана јасно дека „Mustang“ е најдобро продаваниот спортски автомобил во Германија за месец март. А сега од „Ford“ беше објавено дека моделот е најбараната спортска машина во светот за 2015-та година.

Американците ја цитираат статистиката на „IHS Automotive“, а според податоците глобалната продажба на примероци на „Mustang“ достигнуваат 140 000. Од нив 110.000 се купе верзии, а близу 30.000 се кабриолет.

„„Mustang“ е единственото купе во сегментот што успева да ја премине границата од 100.000 продажби во минатата година“, тврдат Американците, и додаваат дека резултатите на конкурентите се далеку послаби.

Што се однесува до домашниот пазар на моделот, во САД, „Mustang“ успева не само да ги стигне по продажбата конкуренти. Конверзијата го надминува збирот од продажбата на „Chevrolet Camaro“ и „Dodge Challenger“, тврдат од „Ford“.

Од концернот прецизираат дека за силните резултати на моделот заслуга има новиот 2,3-литарски „EcoBoost“ мотор. Најекономичен агрегат е префериран на пазарите, на кои дејствуваат строги еколошки норми. Во Австралија и Нов Зеланд, пак околу 90% од сите продажби се на модели со 5,0-литарски „V8“ мотор.

Концернот „Ford“ очекува дури и повисоки резултати за оваа година, бидејќи во 2015-та година моделот не бил достапен во целосен тираж на сите пазари, вклучувајќи го и најголемиот – Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП