9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБатерија од 5.000 mAh има новиот смартфон на Acer

Батерија од 5.000 mAh има новиот смартфон на Acer

5000acer 9

На специјална прес-конференција во Њујорк тајванскиот производител „Acer“ го претстави новиот смартфон во средната ценовна класа под името „Liquid Zest Plus“. Основната карактеристика на уредот е неговата моќна батерија од 5.000 mAh.

Во однос на останатите технички карактеристики, смартфонот се одликува со 5,5-инчен дисплеј и 13 мегапикселна задна камера. И иако не беа претставени целосните технички карактеристики, пазарните набљудувачи сметаат дека процесорот, кој ќе го напојува, најверојатно ќе биде „Snapdragon 410“ или друг сличен. Многу е веројатно оперативната меморија да е 2 GB, а внатрешната во износ од 32 GB.

Меѓу ретките познати работи за смартфонот се неговата цена, која се очекува да биде околу 250 долари. Друга каректиристика на уредот, која производителот истакна, е „трифокусната“ технологија на камерата. Накратко, камерата се фаворизира од трите системи за автоматски ласерски фокус, така што ќе дојде до препознавање на контрастите.

Од „Acer“ ветија повеќе податоци за новиот уред во следните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП