25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБразилката Песоа две години во ЖРК Вардар

Бразилката Песоа две години во ЖРК Вардар

pesoa 3333

Голманката на бразилската репрезентација Мајса Песоа (31) од наредната сезона ќе брани во ЖРК Вардар, го потврди нејзиниот трансфер клубот на својата интернет страница. Песоа со „црвено црните“ потпишала двегодишен договор.

Мајса Песоа која со Бразил во 2013 година ја освои светската титула, во моментов е членка на ЧСМ Букурешт, екипа против која ЖРК Вардар ќе игра во полуфиналето на завршниот турнир во Лигата на шампионките.

Песоа дресот на Букурешт го носи од 2014 година, а преходно настапувала за Исис од Париз и Динамо Волгоград.

„Имам добро чувство за Вардар, можам да почувствувам дека правам вистински потег. Тимот е одличен, со фантастични играчи кои се борат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите. Ова е нов предизвик за мене и за мојата кариера, нова авантура која многу ја сакам. Ме тера да се борам повеќе, да работам повеќе и да дадам сѐ од себе“, изјавила за клупската интернет страница Песоа.

Искусната голманка во Вардар ќе пристигне по завршувањето на Олимписките игри, бидејќи ќе биде дел од бразилската селекција која ќе настапи на најголемиот спортски собир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП