22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОШест фудбалски клубови со профит од над 100 милиони долари

Шест фудбалски клубови со профит од над 100 милиони долари

man 333

Иако слабо игра во последните години, Манчестер Јунајтед го зазема првото место меѓу најпрофитабилните фудбалски тимови во светот.

Рангирањето составено од списанието „Forbes“, ги става „црвените ѓаволи“ на челното место со заработка од 190 милиони долари. Втората и третата позиција се соодветно за Реал Мадрид и Манчестер Сити, кои ќе се соочат еден против друг во полуфиналето од Лигата на шампионите. Двата тима имаат заработено 162 и 131 милиони долари.

Во топ 5 се најдоа уште два тима од Англија – Арсенал и Ливерпул, со односно 122 и 115 милиони долари профит за сезоната 2014-2015.

Барселона ја зазема шестата позиција, така што е и последниот тим со добивка од над 100 милиони долари – 108 милиони.

Италијанскиот Јувентус и англискиот Тотенхем забележаа позитивни финансиски резултати од 81 и 73 милиони долари, додека топ 10 се дополнува со германските Шалке 04 и Баерн Минхен со профит од 67 и 60 милиони долари.

„Forbes“ наведува дека вкупната добивка пред даноци за тимовите од првите десет изнесува 1,1 милијарди долари. Високата сума се должи најмногу на поголемите спонзорски договори склучени во последните години, како и на зголемените приходи од телевизиските права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП