28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС без Kари загуби во Хјустон

ГС без Kари загуби во Хјустон

brada 334

Џејмс Харден постигна поени на 2,7 секунди до крајот на мечот со кои Хјустон славеше над Голден Стејт 97:96, во третиот меч од првото плејоф коло во НБА лигата. По три натпревари со предност се стекнаа и кошаркарите на Оклахома, односно Торонто, кои ја вратија предноста на домашниот терен, откако победија во Далас, односно Индијанаполис.

Хјустон ја преживеа драматичната завршница, во третиот меч, прв на домашен терен, од серијата со Голден Стејт. „Ракетите“ во последните секунди имаа поен негатива, но Харден успеа да погоди на 2,7 секунди за конечен триумф. Популарниот „брада“ мечот го заврши со 35 поени, осум скокови и девет асистенции и две украдени топки.

Голден Стејт имаше можност да возврати, но Дрејмон Грин лошо одигра и воопшто не успеа да упати удар кон кошот на Хјустон.

Голден Стејт на овој меч настапија без својот најдобар играч Стеф Кари, кој и претходниот натпревар го пропушти поради повреда на глуждот. Изненадувачки актуелниот шампион го предводеше Мариз Спаитс со 22 поени, а Клеј Томпсон постигна 17 поени, но не постигна ниту една тројка од седумте обиди.

Оклахома ја врати предноста на домашниот терен со победата во третиот меч кој се одигра во Далас. Оклахома го декласира домаќинот со 131:102, а блескаше Кевин Дурент со 34 поени, од кои 20 во првото полувреме.

Дурент, кој пред неколку дена го одигра најлошиот меч во кариерата (промаши 26 обиди од поле), поддршка доби од Расел Вестбрук (26 поени, 15 асистенции) и Енес Кантер (21 поен, 8 скокови).

Далас го предводеа Весли Метјуз со 22 и Рејмонд Фелтон со 18 поени.

Покрај Оклахома брејк направи и Торонто. Репторси славеа на теренот на Индијана 101:85. Бековската двојка Демар Дерозан и Кајл Лаури реализираа по 21 кош, додека Пол Џорџ со двоен ефект од 25 поени и 10 скокови беше најфикасниот играч на Индијана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП