6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБартомеу: ФИБА е брутална, сојузите се невини жртви

Бартомеу: ФИБА е брутална, сојузите се невини жртви

jordi bartomeu 33

Претседателот на Евролигата, Џорди Бартомеу, рекол дека ФИБА претерала со својата реакција и одлуката да супендира 14 репрезентации од Европското првенство во 2017 година.

„Ова што сега се случува не е моја вина. Ситуацијата до пред само 15 дена беше многу поинаква, но откако на ФИБА ѝ стана јасно дека нема да ги придобие ниту оние екипи кои ќе играат во Еврокупот, претераа со својата рекација, би рекол дека рекацијата е брутална“, рекол Бартомеу.

ФИБА, покрај тоа што суспендира 14 репрезентации од Европското првенство, размислува истата санкција да ја примени и за Олимписките игри.

„Се прашувам, како ФИБА, која толку инсистира на заслугите, ќе се појави пред Шпанија и Литванија, кои на теренот го заслужија пласманот на ОИ. Како ФИБА ќе им каже дека нема да одат во Рио“, запраша  челникот на Евролигата.

Инаку, ФИБА ја преиспитува и можноста на Србија и Италија да им ја одземе организацијата на квалификациските турнири за пласман на ОИ.

„Секако, Бауман (генерален секретар на ФИБА) веќе испрати писма до Финска и Германија, за да се распраша дали тие би можеле да бидат организатори. Внимавајте, да се организира турнир за четири дена. Каков кредибилитет тогаш ќе има ФИБА? Да сум јас Џани Петручи (претседател на Кошаркарскиот сојуз на Италија), би рекол дека турнирот во Торино е недопирлив, проектот е презентиран, договорот потпишан. Ми го одземате тоа? Добро, тогаш ќе се видиме на суд“, рекол Бартомеу.

Првиот човек на Евролигата открил дека неговата организација двапати ја поканила ФИБА на состанок, но дека не добиле одговор од другата страна.

„На овој или оној начин ние ќе победиме“, заклучил Бартомеу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП