1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Сигурни победи на Мајами, ЛА Клиперс, Кливленд

НБА: Сигурни победи на Мајами, ЛА Клиперс, Кливленд

kemba dragic

Кошаркарите на ЛА Клиперс, Мајами и Кливленд ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2-0 во плејоф сериите против своите опоненти.

Кливленд, ја загуби првата четвртина во мечот со Детроит (23:28) и тоа беше се што гостите направија на овој меч. Кливленд на крајот славеше 107:90, а воедно го израмнија клупскиот плејоф рекорд постигнувајќи 20 тројки.

Леброн Џејмс го предводеше тимот со 27 поени, Кајри Ирвинг уфрли 22 коша, а Кевин Лав оствари двоен ефект од 16 поени и 10 скокови.

Најдобар кај Детроит беше Андре Драмонд со 20 поени и седум скокови.

ЛА Клиперси, во последната четвртина, го решија мечот со Портланд. Последниот период Клиперси го добија со 35:20, за конечни и убедливи 102:81.

Крис Пол постигна 22, а Џеј Џеј Редик 17 поени за победникот. Демијан Лилард го предводеше Портланд со 22 поени, но со лош процент на реализација од поле (6/22).

Двејн Вејд потсети на своите најдобри денови, постигна 28 поени и го предводеше Мајами до победа над Шарлот 115:103. Покрај Вејд одличен меч одиграа и останатите од стратната петорка на Мајами: Горан Драгиќ постигна 18, Луол Денг 16 поени, а Хасан Вајтсајд забележа 17 поени и 13 скокови.

Кемба Вокер со 29 и Ал Џеферсон со 25 поени беа најдобри кај Шарлот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП