15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНедев „сребрен“ на Светскиот куп во Египет

Недев „сребрен“ на Светскиот куп во Египет

dejan nedev 44

Македонскиот репрезентативец во карате, Дејан Недев, го освои второто место во дисциплината кати на ИТКФ Светски куп, кој се одржа во хургада, Египет. Недев го освои сребрениот медал, додека златото му припадна на Французинот Томас Елмархоми.

Дејан Недев во Хургада се натпреваруваше и во дисциплините фукуго и кумите. Според информациите од МТКФ, во фукого и кумите, Недев бил подобар од својот противник, домашниот натпреварувач Ибрахим ел Масри, но поради лошото судење не успеал да се пласира во полуфиналето.

Во финишот на борбата главниот судија му поништил неколку поени на Недев, Ел Масри се пласирал во полуфиналето, а потоа и забележал победа во финалето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП