5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса го прегази Депортиво, сигурни победи за Атлетико и Реал

Барса го прегази Депортиво, сигурни победи за Атлетико и Реал

barsa-trio

Депротиво го плати цехот за серијата од четири порази во кои беа фудбалерите на Барселона. Барса, предводена од Луис Суарез на „Риазор“ победи со 8:0. Лидерот на табелата во чекор го следат мадридските тимови, Атлетико победи 1:0 на тешкото гостување во Билбао, а Реал славеше сигурна победа над Виљареал 3:0.

Уругвајскиот репрезентативец Луис Суарез блескаше во Ла Коруња, постигна четири гола и запиша три асистенции во победата 8:0, со која Барселона стави крај на серијата порази (Реал Мадирд, Реал Сосиедад, Валенсија во Примера и Атлетико во ЛШ).

Покрај Суарез стрелци против Депортиво постигнаа Ракитиќ, Меси, Бартра и Нејмар.

Атлетико, на тешкото гостување во Билбао, постигна еден гол кој му беше доволен да ги освои бодовите. Фернандо Торес постигна гол со глава по асистенцијата на Гризман. Торес стрелаше прецизно и на петтиот натпревар во низа, а вкупно има девет голови оваа сезона што е негов нјдобар учинок уште од времето кога играше во Ливерпул.

Реал не дозволи никакво изненадување против Виљареал постигна еден гол во првото и два во второто полувреме за триумф 3:0.

Бензема го отвори резултатот во 41-та минута, потоа во 67-та минута погоди Лукас Васкез, а конечниот резултат го постави Модиќ.

Валенсија по заминувањето на Гери Невил успеа да врзе три победи. По Севилја и Барселона, Валенсија славеше 4:0 над Еибар, а хет трик постигна Пако Алкасер.

Спортинг Хихон освои значајни бодови во борбата за опстаник со триумфот над Севилја 2:!, доедека 1:1 заврши мечот Рајо Ваљекано-Малага.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП