15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти ја носи Рома кон ЛШ

Тоти ја носи Рома кон ЛШ

totica

Фудбалерите на Јувентус сигурно чекорат кон четвртата титула во низа во Серија, откако во 34.коло, славеа против Лацио 3:0. Херој на ова коло е 39-годишниот Франческо Тоти, кој со два гола и донесе победа на Рома над Торино од 3:2 и речиси и го обезбеди местото на екипата во Лигата на шампионите.

Јувентус на четири кола до крајот на првенството има девет бодови предност пред Наполи, додека Рома на третото место има седум бодови повеќе од Интер.

Јувентус до победата над Лацио стигна со головите на Манџукиќ во 39-та, односно Дибала во 52-та и 69-та минута.

Тоти, фудбалската икона на Рома имаше неверојатен настап против Торино. „Принцот на Рим“, во игра влезе во 86-та минута при резутат 1:2, но со головите во 87-та и 89-та минута направи целосен пресврт.

Интер полека ја губи трката за третата позиција, откако загуби во Џенова 1:0. Де Мајо го постигна единствениот гол на мечот во 77-та минута.

Резултати:

Кјево-Фрозиноне 5:1

Рома-Торино 3:2

Емполи-Верона 1:0

Јувентус-Лацио 3:0

Сасуоло-Сампдорија 0:0 Палермо-Аталанта 2:2

Удинезе-Фиорентина 2:1

Џенова-Интер 1:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП