17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорусија против Баерн во финалето на германскиот Куп

Борусија против Баерн во финалето на германскиот Куп

бору

Борусија Дортмунд ќе му се спротивстави на минхенски Баерн во финалето на германскиот Куп, откако во полуфиналето во Берлин ја победи Херта со 3:0.

Екипата од Дротмунд и пред почетокот на дуелот беше фаворит за пласман во финалето, но победата ја обезбеди во последните 15 минути.

Првиот гол на мечот го постигна Гонзало Кастро во 21.минута. Играчот од средниот ред натрча на една одбиена топка и од 15 метри пласираше во голот.

Втор пат одбраната на Херта потклекна во 75.минута кога Кагава му асиситираше на Ројс за 2:0, а победа на „милионерите“ ја потврди Мхитаријан на седум минути до крајот на мечот.

Финалето на германскиот Куп ќе се одигра на 21.мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП