3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАС: Роналдо во Реал до 2020 година

АС: Роналдо во Реал до 2020 година

roki

Најдобриот фудбалер на Реал, Кристијано Роналдо, ги започнал преговорите со клубот околу новиот договор, тврди весникот АС.

Актуелниот договор на Роналдо истекува во 2018 година, а Реал на Португалецот му понудил продолжување на соработката до 2020 година. Роналдо бил подготвен да го стави својот потпис на договор и да остане во Мадрид до својата 35 година.

Реал, стапил во акција со цел да го задржи својот најдобар играч и стрелец, откако се појавија шпекулациите дека првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Калифи, нема да штеди за да го оствари трансферот на Португалецот во летниот преоден рок.

Кристијано Роналдо е член на Реал од 2009 година, тој за „кралскиот клуб“ има постигнато 360 голови на 343 одиграни натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП