1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоти го одбил Лестер, се сели во Њујорк Космос

Тоти го одбил Лестер, се сели во Њујорк Космос

totinela

Франческо Тоти (39), по 23 години решил да ја напушти Рома и кариерата да ја заврши „преку океанот“, во дресот на Њујорк Космос. Легендарниот играч на Рома ја одбил понудата на сонародникот Клаудио Раниери да потпише едногодишен договор со Лестер.

Италијанските медиуми пишуваат дека Тоти ја прифатил понудата на Њујорк Космос, екипа која се натпреварува во втората лига на САД, наречена НАСЛ. Космос има славна традиција бидејќи во минатото за овој клуб настапувале Пеле и Бекенбауер.

Тоти ја напушта Рома поради отворените несогласувања со тренерот Лучано Спалети, а според медиумите во Италија, во неделата, по мечот со Атланта овие двајца се обиделе и физички да се пресметаат во соблекувалната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП