6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенер го елиминира европскиот првак, трет Ф4 за Антиќ

Фенер го елиминира европскиот првак, трет Ф4 за Антиќ

fener-antik

Фенербахче и Лаборал Куча и се приклучија на московска ЦСКА на завршниот турнир во кошаркарската Евролига. За последното преостанато место се борат Барселона и Локомотив Кубан, а поблиску до завршниот турнир е Барселона која во 2-1.

Реал Мадрид нема да ја брани титулата во Евролигата, откако во четвртфиналето ја загуби серијата против Фенербахче. Турскиот тим, во Мадрид, го доби третиот меч 75:63, за максимална победа во серијата.

Тренерот на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ по 15-ти пат ќе игра на завршниот турнир, а во Берлин ќе се обиде да ја освои деветтата евро титула.

Екс репрезентативецот на Македонија Перо Антиќ мечот во Мадрид го заврши со четири поени и осум скокови. Антиќ трет пат ќе учествува на завршниот турнир, на претходните два ја освојуваше титулата со Олимпијакос.

Фенербахче на завршниот турнир, во полуфиналето ќе игра против Лаборал Куча. Тимот од Баскија како и Фенер со 3:0 го елиминира својот противник. Третиот меч од серијата со Панатинаикос, Лаборал го доби 84:75. Тимот од Баскија по пауза од осум години повотрно ќе игра на Фајнал Фоур турнирот.

Блиску до пласман на завршниот турнир е и Барселона која поведе со 2-1 во серијата против Локомотив, откако третиот меч го доби со 82:70.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП